Дахбел микс

Чајна мешавина за подобрување на функцијата на респираторниот систем

Чајната мешавина од корен од бел слез, мајчина душица, лист од бел слез, лист од црн слез, лист од гинко, лист од коприва и од лист од рузмарин помага за подобрување на функцијата на респираторниот систем. Билките од оваа мешавина имаат антибактериски и противвоспалителни особини, но содржат и слуз, поради што го олеснуваат искашлувањето, a со тоа и дишењето и ја смируваат сувата кашлица.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие три пати на ден, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот. Не се препорачува негова употреба при бременост и при лактација.