ДИЈАРЕАЛ МИКС

Чајната мешавина од кора од даб, ризом од срце-трева (петопрст), цвет од камилица, лист од нане, плод од боровинка, лист од јагода, ризом од иѓирот, лист од капина и од надземен дел на петровец помага за подобрување на симптомите при појава на дијареја. Сите билки од оваа мешавини, како главни компоненти, содржат танини, пред сѐ кондензирани танини, коишто со своето атстрингентно дејство (што стега), помагаат при состојби на дијареја. Билките нане и иѓирот, како и цветот од камилица, придонесуваат за нормална функција на интестиналниот тракт, а притоа ги намалуваат грчевите и надуеноста на стомакот, коишто се симптоми при оваа состојба.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие трипати на ден. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Чајната мешавина не смее да се пие повеќе од 3 дена. Доколку по 3 дена нема подобрување на состојбата, се препорачува консултација со доктор. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Достапен во пакување од 130 g