Ерос

Чајна мешавина која помага за подобрување на потенцијата

Чајната мешавина од бабин заб, лист од коприва, корен од женшен, лист од гинко, чичок, пасифлора, кора од цимет и од ѓумбир помага за подобрување на потенцијата кај мажите и кај жените. Овие билки ја подобруваат општата физичка и ментална активност кај човекот и ја забрзуваат циркулацијата. Дел од билките во мешавината дејствуваат и како афродизијак.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај може да се пие еднаш до два пати на ден. Се препорачува употреба на чајот најдолго еден месец, при што треба да следува пауза од две недели. Циклусот може да се повторува. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Не се препорачува негова употреба кај деца под 18-годишна возраст, при бременост и при лактација.