GLOSS влажни марамчиња универзални

за чисти и сјајни површини, со антибактериско дејство

GLOSS влажните марамчиња универзални претставуваат современа алтернатива за едноставно одржување на хигиената во Вашиот дом.

Служат за брзо и лесно отстранување на секакви нечистотии и дамки од керамички, метални, пластични и од стаклени површини.

GLOSS влажните марамчиња универзални имаат потврдено антибактериско дејство. Сјајот кој го оставаат на исчистената површина, дава ефект на блескава чистота, а пријатниот мирис го освежува Вашиот дом.

Начин на употреба:

Избришете ги валканите површини со марамчето. Кога марамчето ќе стане валкано или суво, веќе не е за употреба, и отстранете го во кантата за отпадоци. По употреба рацете да се измијат со чиста вода.