GLOSS влажни марамчиња

за чистење кожни површини

Влажните марамчиња за чистење кожни површини Gloss во својот состав содржат површинско активна компонента и заштитни восоци, кои обезбедуваат совршена чистота и нега на кожните површини.

Нежно ги чистат, негуваат и ги заштитуваат кожните површини во сите бои. Исчистената површина останува освежена со пријатен мирис и заштитена со дополнителен сјај, благодарение на додаденото силиконско масло во формулацијата. Производот е одличен избор и за одржување автомобилски седишта од кожа, кожни чанти, ремени, кожни палта, чевли и сл.

Поради различните типови кожа и боја од коишто се изработени кожните површини, најпрво пробајте го производот на помал дел од материјалот што го третирате.