Чај од нане

Покрај неговиот пријатен и освежувачки мирис и вкус, чајот од нане уште од дамнешни времиња се користи и поради неговата лековитост. Претставува одлично средство за смирување на организмот ублажувајќи го стресот. Помага за ублажување на честите мигренозни главоболки, а една шолја чај од нане пред спиење овозможува опуштање и релаксирање на организмот и мирен сон. Помага во ублажување на симптомите на лошото варење на храната: надразнети црева, грчеви, надуеност, нервоза во желудникот и дијареја. Вкусот и мирисот на ментол го прави интересен за секоја возраст – за деца и за возрасни. Секогаш свежо приготвен, консумиран во кој било дел од денот, чајот од нане никогаш нема да ве изневери!