Органски чај - Коприва

20 X 1,5 G

Секогаш кога ќе почувствувате дека почнувате да ја губите силата или кога премногу често уморот ве победува, шолја топол чај од коприва би можело да ве релаксира. Со изразено силен вкус, за оние кои го ценат дарот од природата.

Како најдобро да го “доживеете” чајот: внимавајте да не ги оставите филтер - кесичките во вода подолго од препорачаното. Можете да додадете една лажичка мед и да исцедите свеж сок од половина лимон.