Овошен чај јаболко со цимет

ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G

Претставува мешавина од исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, крушка, липа. Плодот од јаболко е богат извор на растителни влакна и пектински материи кои придонесуваат за подобрено варење на храната, а според поновите сознанија и за намалување на ризикот од болести на срцето. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го потенцира природниот мирис на јаболкото, а воедно му обезбедува и особен и единствен вкус. Циметот е топол зачин, сладок и дејствува смирувачки.

GOOD NATURE овошниот чај од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка, а воедно и антисептик, одличен за борба против бактериите, со благо смирувачко дејство. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкаста нота, која доаѓа од шипката и хибискусот. Тие со својата витаминска вредност ја обезбедуваат свежината на напивката и обезбедуваат природна заштита за организмот.

Ви го препорачуваме во секое време, а особено по оброкот, за да ви помогне при варењето на храната и да ве освежи, кога и да посакате!