Овошен чај јагода со ванила

ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G

Мешавина од одбрани билки како шипка, хибискус, плод од јаболко, портокал, ароматизирана со природни ароми на јагода и ванила. Уште во првиот момент кога ќе го подготвите чајот, ќе ве опкружи интензивен мирис на популарното дуо јагода и ванила. Во мирисот се препознаваат и ноти на агруми, од присутниот портокал во мешавината. Чајот е наменет за миговите на уживање и особено го препорачуваме во летните денови, свежо приготвен, врз коцки мраз, а со додаток на неколку капки рум.

GOOD NATURE овошниот чај од јагода со ванила пријатно дејствува и кога имате проблеми со варењето на храната, како благ диуретик, а помага и за подобрување на циркулацијата. Чајот има слаткаст вкус, помалку киселкаст и освежителен, но со незаборавно пријатен мирис на свежо набрани јаготки. Уживајте во незаборавната напивка и вкусете го овошниот чај од јагода со ванила од GOOD NATURE!