Релакс микс

Чајна мешавина за подобар сон

Чајната мешавина од цвет од липа, лист од маточина, корен од валеријана, хмељ, пасифлора и од цвет од камилица помага за полесно заспивање и за подобар квалитет на сонот. Одбраните билки од мешавината дејствуваат благопријатно на организмот, го ублажуваат стресот и дејствуваат релаксирачки на целото тело.

Препорачана дневна доза

За подобар сон, свежо подготвениот чај се пие еднаш на ден, 30 минути пред спиење. По потреба, свежо подготвениот чај може да се пие два пати во текот на денот, втората доза пред спиење. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот. Не се препорачува ракување со возило или со машина за време на користењето на оваа чајна мешавина. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација.