Шипка

Со години наназад чајот од шипка се употребувал во борба против настинките и против вирусите. Претставува богат извор на витамин Ц и на антиоксиданти, при што помага за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот. Исто така, се препорачува и за подобрување на метаболизмот, како и за заштита од одредени гастроинтестинални воспаленија. Претставува и одлично средство за прочистување на крвта поради благо диуретичниот ефект. Подготвен како топол или како ладен напиток, со киселкавиот вкус и со освежителниот мирис е одлично прифатен од сите возрасти и е со загарантиран квалитет.