ТОНИК МИКС

Билната мешавина од лист од коприва, иѓирот, корен од глуварче, лист од малина и лист од јагода се препорачува за подобрување на состојби на слабокрвноста, состојби на намален број на црвени крвни зрнца, а има и голем број други полезни делувања, како што се помагање на прочистувањето на крвта, подобрувањето на имунолошкиот одговор и општото зајакнување на организмот.

Свежо подготвениот чај се пие три пати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 90 g