ВЕНДО МИКС

Билната мешавина од корен од линцура, ајдучка трева, лист и цвет од глог, цвет од камилица и цвет од невен помага за подобрување при пореметување на циркулацијата и проширени вени. Лековитите билки во составот на оваа мешавина содржат активни состојки кои помагаат за подобра циркулација на крвта, а истовремено имаат и противвоспалително делување.

Свежо подготвениот чај се пие три пати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 100 g