Becutan инстант чај за добра ноќ од сладок анасон, од камилица и од маточина за доенчиња и мали деца

Додаток во исхраната

По втор месец од раѓање

Инстант чај кој содржи екстракти од специјално одбрани билки со потврден квалитет. Во составот влегуваат лесно сварлив шеќер – глукоза, екстракт од лист од маточина, eкстракт од цвет од камилица, екстракт од плод од сладок анасон и етерично масло од плод од сладок анасон.

Плодот од сладок анасон и цветот од камилица го поддржуваат варењето на храната и помагаат при надуеност.
Цветот од камилица има благоприjатен ефект врз грлото и врз дишните патишта.
Листот од маточина придонесува за нормална функциjа на системот за варење, има релаксирачки ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

Производот не содржи вештачки бои, ароми, конзерванси и млечни протеини. Без глутен.

Начин на употреба

5 g инстант чаj се раствора во 100 ml млака претходно превриена вода или млеко.

Препорачана дневна доза: 1-2 пати на ден по 50-100 ml свежо приготвен чаj, наjмалку 30 минути пред оброк.

Максимална дневна доза: 10 g инстант чаj, приготвени според упатството за употреба.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Секогаш користете свежо приготвен чаj, изладен на телесна температура и без додаток на шеќер.

Пакување:

  • 200 g во цилиндрична кутија со практичен начин на отворање
  • 20 кесички од 5 g за уште поедноставна употреба.

Неодоливо сладок и вкусен напиток за нашите наjмили!