ЧАЈ ЗА ДОБРО УТРО

ШОЉА ЧАЈ ЗА ЕНЕРГИЧЕН ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ

Мешавината од црн чај,кора од портокал и арома од ванила и ѓумбир ќе ви ја подобри енергијата и виталноста во текот на денот. Билките од мешавината изобилуваат со антиоксидативни својства, кои ја подобруваат благосостојбата на телото.

Интензивниот и единствен вкус и мирис на чајната мешавина има својство да ги разбуди и најсонливите. Се препорачува да се користи во утринските часови и во случај на замор за добивање инстантна доза на енергија.