Овошен чај шумско овошје

ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G

Мешавина од плодови од јаболко, круша, аронија, боровинка, шипка и цветови од хибискус и бозел. Вистинско уживање во вкусовите!

Чајот е освежителен, со слаткаст вкус, но и помалку остар, со мирис во кој се препознава изобилството на компоненти. Заради присутните билки и овошје, и нивните особини, чајот се препорачува за подобрување на варењето на храната, при состојби на цревни воспаленија, за подобрување на циркулацијата и како благ диуретик кој го потпомага излачувањето на вишокот течности од организмот.

Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, незасладен и во секое време од денот. Особено е пријатен во топлите, летни денови, послужен врз неколку коцки мраз и со додаток на неколку резeнки лимон.

GOOD NATURE чајот од шумско овошје ќе го освежи секој дел од вашето тело. Вдишете длабоко и уживајте во GOOD NATURE моментот!