Чај од кантарион

20 Х 1,5 G

Ослободете се од сите стресови на денот, со шолја топол чај од жолт кантарион. Чајот содржи активни компоненти кои смируваат, дејствуваат антидепресивно, а воедно го подобруваат и функционирањето на системот за варење.

Се препорачува да се пие во попладневните часови и за добар сон.

Препорака: заради можно фотосензибилизирачко дејство на компонентите, присутни во жолтиот кантарион, не се препорачува изложување на сонце по консумирање чај од кантарион.