ИМУНО МИКС

Билната мешавина од цвет од невен, ајдучка трева и лист од коприва помага во превенција на дерматитис по постоперативна радиотерапија и истовремено ја зајакнува отпорноста на организмот. Освен имуностимулирачко делување, билките од оваа мешавина имаат и противвоспалително делување и го помагаат подобрувањето на циркулацијата на крвта. Имуно микс се препорачува при состојби на намален имунитет со различна етиологија.

Свежо подготвениот чај се пие три пати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 70 g